Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Од:

Денес требаше да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје во врска со дивоградбите во Чаир и другите општини. За тоа што се случи во Советот денеска, театар е мал збор.

Најпрво не се изгласа оправданоста за одржување на вонредната седница затоа што немаше мнозинство – ДПМНЕ, ДУИ и ЗХГ гласаа воздржано, но на поединечното гласање ЗХГ гласаа ЗА, па се обезбеди мнозинство за да започне седница.

Но, веднаш потоа кога се гласаше дневниот ред, повторно ДПМНЕ, ЗХГ и ДУИ беа воздржани и истиот не беше усвоен и со тоа вонредната седница за дивоградбите во Чаир и другите општини не се одржа, напиша на ФБ, советничката на Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.

„И тука почнува вистинскиот театар:

– ДПМНЕ поднесоа барање за нова вонредна седница за дивоградбите во Сарај и другите општини.

– Кога видоа од ДПМНЕ дека сите советници ќе го подржат барањето и за таа вонредна седница и откако видоа дека поднеле барање и за другите општини, (а не само за Сарај), незнаејќи како да постапат, прво се повлекоа на координација, а потоа го повлекоа барањето за вонредната седница, кои самите тие го поднесоа, а кое сите ќе го подржевме, очигледно со единствена цел да не се дискутира за дивоградбите во Чаир.

Со тоа заврши и таа вонредна седница уште пред да почне. Зошто советниците на ДПМНЕ побегнаа и не сакаа да се одржат вонредните седници за дивоградбите во Чаир, Сарај и во другите општини во Скопје, дали и кого штитат и што сакаат да сокријат од јавноста, претпоставете сами.

Колеги советници од ДПМНЕ, ако навистина го штитите интересот на народот, а не на урбаната мафија, еве јавно објавувам дека советничката група на Левица ќе го поддржи секое барање за дискусија за дивоградбите и во Чаир и во Сарај и секаде во Скопје, само осмелете се (ако смеете) и не бегајте од седниците“, напиша Јовановска.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада