Мемов на средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување во Сараево

Од:

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов, присуствува и се обрати на 15. средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржува во Сараево.

Како што соопштија од Фондот, централната тема за разговор на средбата е „Иднината на пензиските системи – предизвици и перспективи“.

Директорот на Фондот, Мемов, во своето обраќање нагласил дека најголемиот предизвик е обезбедување финансиски стабилен и одржлив Фонд. Тој истакнал дека тоа може да се постигне со воведување мерки кои ќе овозможат зголемување на приливот на средства во Фондот.

– За таа цел до Министерството за социјална политика, демографија и млади предложивме повеќе мерки со кои сметаме дека ќе се подобри финансиската состојба на Фондот. Сметам дека начинот е во зголемувањето на приливот, а не единствено со зголемувањето на стапката на придонеси или старосната граница за пензионирање, рекол Мемов.

Додал дека е потребно зголемување на можностите за финансирање на средствата од вториот столб и намалување на ограничувањата кои се сега на сила, но и разгледување на можноста за инвестирање на средствата и од првиот столб за да се овозможи пасивен прилив и по тој основ.

Меѓу предложените мерки, потенцирал директорот Мемов, е и таа за вработување на корисниците на пензии, со што тие ќе продолжат да ја користат пензијата, ќе имаат дополнителен приход, а Фондот ќе има прилив на средства врз основа на платени придонеси.

Директорката на Секторот за остварување на права од пензиско и инвалидско осигурување во ФПИОСМ, Биљана Стојанова во својата презентација се осврнала на состојбата со бројот на осигуреници, нивната структура, како и на измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување од минатата година досега, а кои се однесуваа на линеарното зголемување на пензиите во септември минатата и март оваа година.

– На средбата стана збор и за реализацијата на заклучоците од претходниот состанок минатата година, при што беше речено дека е остварен значаен напредок во размената на податоците и подобрувањето на соработката помеѓу Фондовите, се наведува во соопштението од Фондот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 07 ноември изнесува 124,47 евра за мегават час, на МЕМО 138,01 евра за мегават час

ФЕРОИНВЕСТ донираше медицински мебел произведен во БРАКО на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на Светска банка

Како малиот бизнис „Сакаш“ преку Wolt го забрза својот развој

Предраг Петровиќ

Растат цените на бакарот – нов глобален бум во рударството

Предраг Петровиќ

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Одржливо работење, раст на кредитите и депозитите и силен придонес во заедницата