Протест на Сите за Палестина против НАТО

Од:

Иницијативата „Сите за Палестина“ спроведе протестна акција на плоштадот „Маршал Тито“ во Кавадарци, каде што со воена церемонија беше означен почетокот на меѓународната воена вежба „Итен одговор 25“ (IR25). Во вежбата учествуваат воени единици од седум земји-членки на НАТО кои се директни соработници и овозможувачи на геноцидниот ентитет Израел, информираат од Иницијативата.

– Протестот беше насочен против улогата на НАТО во тековниот геноцид врз палестинскиот народ, кој трае веќе повеќе од 600 дена. Демонстрантите излегоа со транспарент „НАТО финансира, Израел бомбардира“, а ги скандираа и пораките „НАТО убијци“, „Израел теротист“, „Не во наше име“, „Мрш од Македонија“, „Долу НАТО, долу империјализмот, долу капитализмот“ и други слични пораки.

Иницијативата предупреди и на опасноста од сè позабрзаната милитаризација на населението, особено што во самиот центар на градот беа изложени тенкови и оружја како дел од настанот на кој присуствуваа и мали дечиња со своите семејства. Според нив, Македонија веќе не треба да ги поддржува империјалистичките војни и глобалната нееднаквост со своето членство во НАТО.

Светските институции на капитализмот како што е НАТО се меѓу главните виновници за кризите што се случуваат како внатре, така и надвор. Поради тоа, разбирањето и спротивставувањето на современиот милитаризам и империјализам е итен предизвик.

„Не го прифаќаме милитаризмот како решение, ниту капитализмот како иднина. НАТО не носи безбедност, туку моќ, контрола и смрт. Стоиме на страната на потиснатите, а не на агресорите,“ изјавија од „Сите за Палестина“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

(ВИДЕО) Газа е огромна масовна гробница: Под 60 милиони тони урнатини, сè уште лежат 10.000 палестински тела

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“