Полска: Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 12 часот е 24,83 проценти

Од:

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска до 12 часот е 24,83 проценти – објави Националната изборна комисија.

Објавените податоци се добиени од сите 29.815 окружни изборни комисии, објавува агенцијата ПАП.

Според овие податоци, излезноста до пладне била поголема отколку за време на вториот круг од претседателските избори во 2020 година, кога на гласачките места излегле 24,73 проценти од гласачите, додека на 18 мај оваа година за време на првиот круг од претседателските избори излезноста до овој момент била 20,28 проценти.

За време на претседателските избори во 2020 година, вкупната излезност на вториот круг од претседателските избори била 68,18 проценти.

Избирачките места се отворија утрово во Полска, каде што околу 29 милиони граѓани ќе изберат нов претседател за петгодишен мандат помеѓу двајца кандидати во вториот круг.

Би можело да ве интересира

Навроцки: Полска е подготвена да ја брани својата територија

Ќе ги собoруваме леталата во полскиот воздушен простор, вели Доналд Туск

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги бранам Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ескалира

Горан Наумовски

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски

Нов руски напад на Украина, Полска ја активираше авијацијата и против воздушната одбрана

Горан Наумовски

Дроновите што ја „нападнаа“ Полска можеби биле оштетени или ја изгубиле контролата, изјави Трамп