Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на државата, потенцирајќи ги придобивките за целиот народ, но, пред се за младите.

„Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Тоа е признание за нашиот идентитет, тоа е економски напредок, тоа е фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот. Но најважно – тоа е начин за обединување на сите Македонци. Во и надвор од земјата“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека евроинтеграцијата не е апстрактен политички проект, туку битка за нормален живот.

„Кога млад човек ќе види дека државата му нуди фер систем, тогаш ќе остане овде. Ако не сториме ништо, ќе изгубиме уште илјадници талентирани млади луѓе. Тоа не смее да се дозволи“, нагласи Филипче.

Социјалдемократите се посветени на тој пат, како наследници на АСНОМ и Илинден, со силна европска визија:

„Вие сте наследници на илинденците и асномците. Тоа е свето наследство. Наша обврска е да ја продолжиме нивната борба – денес преку знаење, учество, идеи. И да ја однесеме Македонија таму каде што припаѓа – во европското семејство на народите“, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните