Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец

Од:

Министерството за внатрешни работи информираше дека се приведени двајца малолетници од селото Гајре како осмоничени дека пред четири дена пукале со автоматска пушка во куќа на тетовец.

– На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово, се вели во соопштението.

Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес