Зеленски за меморандумот за примирје: Уште една руска измама!

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската страна не го предаде својот таканаречен „меморандум“ на Соединетите Американски Држави, Украина или Турција, иако претходно вети дека ќе го сторат тоа.

„Зборовите не се бројат во Москва. Дури ни таканаречениот „меморандум“ што го ветија и наводно го подготвуваа со недели – никој сè уште не го видел. Не ѝ е предаден на Украина. Не им е предаден на нашите партнери. Дури и Турција, земјата домаќин на првиот состанок, не доби нова агенда. И покрај ветувањата – пред сè кон Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп. Уште една руска измама“ – рече Зеленски во својот говор, како што објави „Украинска правда“.

Претседателот додаде дека Русите прават сè што можат за да ги направат состаноците бесмислени, што, според него, е дополнителна причина за зголемување на притисокот од санкции против Русија.

Пред тоа, се дозна дека украинскиот министер за одбрана – Рустем Умеров ѝ предал на Русија документ во кој се презентира украинската позиција и дека чекал нивен „меморандум“ како одговор.

На 23 мај, Зеленски изјави дека фактот што Русија веќе една недела составува таканаречен „меморандум“ за прекин на огнот е исмејување на целиот свет.

Би можело да ве интересира

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Зеленски: Ако Русија не се согласи на примирје, ќе одговориме

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“