Измамник излажа скопјанка и ја олесни за 1.800 евра

Од:

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити