Од следната учебна година ќе може да се воведе францускиот јазик како изборен предмет во 25 училишта

Од:

Дваесет и пет основни училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишале министерката Весна Јаневска и амбасадорот Кристоф Ле Риголер.

Како што соопшти МОН, за министерката Јаневска е „потврда на пријателството помеѓу двете земји, кое продолжува да се развива“ продлабочувањето на соработката за поголема промоција на изучувањето на францускиот јазик и унапредување на наставата по француски во македонскиот образовен систем.

-Го поддржуваме изучувањето на францускиот јазик, имајќи предвид дека тој е меѓу најкористените јазици во глобалниот свет, како и тоа дека сме Влада која поттикнува јазична различност. Придобивките од познавање на јазици различни од мајчиниот, се повеќекратни. Тоа овозможува да се градат мостови помеѓу народи и култури, а јазичните вештини во денешно време се и суштински фактор за успешен настап на пазарот на трудот, како што се и дигиталните вештини, истакнала Јаневска.

Според неа, „младите од Македонија кои ќе го совладаат францускиот јазик, преку комуникација ќе имаат можност и за поголема афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство“.

-За квалитетна и интересна наставата по француски јазик во петто одделение, Бирото за развој на образованието подготвува наставна програма за овој изборен предмет, информира Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари