Да си се среќава со Ахмети, Таравари и Апасиев му порача ВМРО-ДПМНЕ на Филипче кој инсистира на лидерска

Од:

Кога разговараме за некои многу битни точки, како што е националниот консензус, кога сите сме свесни дека треба да го постигнеме, притоа и да сме многу свесни дека живееме во мултинационална и мултикултурна држава, сметам дека на ова прашање треба да се пристапи многу сериозно“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипе образлагајќи го повикот за лидерска средба.

„Очигледно е дека некои работи можеби различно ги читаме, можеби различно ги толкуваме. Ако ‘лебди’ мислењето дека историската комисија може да е пречка во евроинтегративниот процес, после уставните измени, а во Протоколот 2 јас сметам дека јасно пишува дека никаде тоа не е услов, туку напротив, дека владите ја охрабруваат работата на историската комисија. Сите одлуки таму се носат со консензус, значи мора двете влади да се согласат на одлуките пред да почнат да се разгледуваат другите точки како што доаѓаат на дневен ред“, изјави Филипче.

Филипче рече дека не е запознаен во детали со предлогот на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, но дека секој предлог што ќе значи подобрување на нашата преговарачка позиција или откочување на нашиот евроитегративен пат, тој и СДСМ ќе го поддржат.

„Друго за што може да разговараме е да изнајдеме начин да се модифицира работата на историската комисија. Да побараме странски експерти да присуствуваат и да учествуваат во таа работа – на пример, луѓе коишто имаат искуство во работата на вакви теми. Германија со Полска, Германија со Австрија. Има простор за разговор на овие теми. Сметам дека најлошата работа е да не се обидеме ништо да направиме“, рече Филипче.

Во тој контекст, претседателот на СДСМ ја истакна и важноста од навремен ангажман, во светло на актуелните пораки од Брисел.

„Сметам дека се многу јасни пораките на претседателот на Европскиот совет и на еврокомесарката Каја Калас – дека сега е моментот ние да фатиме чекор со Црна Гора и Албанија, коишто со крупни чекори чекорат напред, и очекувањата се дека за период од две до три, максимум четири години, може да се веќе на прагот на ЕУ“, истакна Филипче.

Премиерот Мицкоски ја одби идејата за лидерска средба. Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Филипе „да не си го крева рејтингот преку прилики за лидерски“.

– Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности. Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса. Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија за потоа да има простор на маса да разговара за стратешки теми. Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија, се вели во рњакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он