Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14.

По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци.

Во оваа прилика, претседателката Сиљановска – Давкова на папата Лав 14. му подари Длабока резба со мотив „Гроздови“.

Резбата е во изработка од дабово дрво, со мотиви од овошје и животни кои ги краселе македонските манастири и цркви, како и побогатите македонски куќи. Познати се многу копаничарски дела чии резби красат многу од црквите и надвор од Македонија. Мотивот со гроздови ја претставува лозата на животот и симболика за животна обнова и врска помеѓу религијата и луѓето преку виното (крвта на Исус).

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова имаше средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата присуствуваше и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

Средбата траеше околу 40 минути, а заврши со меѓусебна размена на подароци.

Подарокот за кардиналот Паролин беше Златна ритуална маска, која е дел од раскошните предмети, користени како прекривка на телото, во практиката на погребниот култ. Локалните владетели – пајонските војводи, од VI век п.н.е., ја изградиле оваа некропола на Требенишкото Кале. Тоа беше периодот пред државата да ја обедини најмоќната династија Аргедовите, првата династија на Македонското Кралство.

По средбите во Ватикан, предвидена е изјава на претседателката Сиљановска – Давкова, по што таа веднаш заминува на средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Сиљановска треба да го објави предлогот на нов гувернер на Народна банка

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

А1он

Оценките на Претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни, реагира Синдикатот

Папата на Инстаграм: Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе!

А1он

Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни

А1он