Полицијата бркаше пијан возач во Нови Сад, тој го смачка скапиот „мерцедес“

Од:

Во Нови Сад синоќа се случи филмска потера, кога возач на сив „мерцедес“ сакаше да побегне од полицијата, откако претходно не ја послуша нивната наредба да го запре возилото.

Во еден момент, возачот на автомобилот ја изгуби контролата врз возилото и предизвика сообраќајна несреќа на улицата Сава Ковачевиќ во Нови Сад, а во таа прилика е повредена жена, според страница „192.rs“.

Нивото на алкохол во крвта на возачот било над 2 промили и тој веднаш е уапсен.

Поради силата на ударот, возилото останало непрепознатливо, каросеријата на предниот дел смачкана, а делови расфрлани по целиот пат.

Би можело да ве интересира

Маж падна од Петроварадинската тврдина – во несвест пренесен во болница

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Брнабиќ: Статијата на „Форбс“ открива поради што се случи трагедијата во Нови Сад

Пронајдено e петгодишното девојче кое исчезна во Нови Сад

А1он

Полицијата ја пронајде младата Дуња која исчезна на 29 април

Горан Наумовски