Хамас: Убиени се најмалку шест Палестинци кои чувале камиони со хуманитарна помош

Од:

Во израелските воздушни напади загинаа најмалку шест Палестинци кои чувале камиони што превезувале хуманитарна помош од ограбувачи, соопштија денес претставници на Хамас.

Хамас во соопштението наведува дека шест члена на безбедносниот тим задолжен за чување на хуманитарни пратки биле убиени и дека договорот на Израел да им дозволи на камионите што носат хуманитарна помош во воено разурнатата енклава бил „измамен маневар“ за да се избегне меѓународен притисок со кој се бара прекин на блокадата на Газа, објави Ројтерс.

Израелската војска претходно соопшти дека вчера 107 камиони што превезуваат брашно и други прехранбени производи, како и медицински материјали, влегле во Појасот Газа преку преминот Керем Шалом.

Би можело да ве интересира

Трамп му порача на Израел да ја „заврши работата“ против Хамас

Горан Наумовски

Девет Палестинци починаа од глад во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Предраг Петровиќ

Нема докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош во Газа, соопшти USAID

ВИДЕО: Изгладнувањето на жителите на Газа продолжува, мирот е се подалеку