Два напади со нож меѓу деца денес во Германија

Од:

Во градот Ремшајд во покраината Северна Рајна-Вестфалија, 11-годишно момче двапати избоде 13-годишно дете во групна тепачка и беше приведено, што е втор напад со нож меѓу деца во Германија за еден ден, откако 13-годишник претходно денес во Берлин избоде соученик (12), нанесувајќи му сериозни повреди.

Инцидентот во Ремшајд се случил кога тројца ученици се договориле да се тепаат попладнево откако претходно се скарале во училиште, објави „Билд“.

Откако тринаесетгодишниот ученик го задало првиот удар кон помладото момче, единаесетгодишното ирачко момче одеднаш извадило нож и го прободело постарото момче двапати во ногата.

Потоа единаесетгодишното дете избегало од местото на настанот со друго момче.

Неколку патролни возила го пребараа осомничениот Ирачанец, по што тој беше уапсен во близина на неговиот дом.

Повреденото момче претрпело сериозни убодни рани, но неговиот живот не е во опасност.

Откако му била укажана лекарска помош од страна на лекарите од Итна помош, тој бил префрлен во болница на понатамошно лекување.

Ножот што е употребен во злосторството е кујнски нож со фиксирано сечило долго шест сантиметри.

Канцеларијата за социјална помош на младите во Ремшајд го ​​поништи налогот за притвор на осомничениот поради недостаток на услови, по што неговите родители го зедоа од полициската станица.

Семејството на ирачкото момче е регистрирано во Службата за социјална помош на млади во Ремшајд, објавува „Билд“.

Германскиот весник објави дека ова е втор напад со нож меѓу деца за еден ден.

Претходно денес, 12-годишно момче беше тешко повредено во напад со нож во основно училиште во Берлин, додека неговиот напаѓач, соученик, е во бегство.

Според полициските извештаи, момчето било избодено со нож од неговиот соученик (13) по расправија во соблекувалната, а потоа ја фрлил училишната чанта и избегал.

Ученикот претрпел убодна рана во горниот дел од телото и бил однесен во болница на операција, изјави портпаролот на полицијата Мартин Халвег.

Би можело да ве интересира

Детали за нападот врз резиденцијата на Џ.Д. Венс: Тајните агенти слушнаa бучава, а потоа и тресок

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

(ВИДЕО) Уапсен е монструмот што избоде баба пред 3 годишниот внук – пред 2 месеци излезе од затвор

А1он

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ