Епско полуфинале и победа на Федерер

Од:

Најдобриот меч во досегашниот дел од Олимпискиот тениски турнир, помеѓу најдобриот светски тенисер Швајцарецот Роже Федерер и Хуан Мартин дел Потро од Аргентина му припадна на Швајцарецот со 2-1 во сетови, по 36 гема.

Откако првиот сет му припадна на Дел Потро со 3-6, а вториот во тај брејкот го освои Федерер, следеше историскиот трет сет меѓу двајцата извонредни тенисери кој на крајот му припадна на Швајцарецот со 19-17 за конечен триумф.

На тој начин Роже Федерер обезбеди најмалку сребрен медал за Швајцарија од машкиот турнир, а во финалето ќе игра против домашниот тенисер, Енди Мареј, кој беше подобар од Србинот Ѓоковиќ со 7-5, 7-5.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај