Уставен суд: Укинат е членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на јавни обвинители

Од:

Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на РСМ, кои предвидуваа можност во унапредување на обвинителите во кариерата да се цени како позитивна обвинителска дејност и работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата.

Кадиру, кој е судија известител по предметот, посочи дека во конкретниот случај сметал дека станува збор за појак интензитет на повреда на Уставот и законот и предлагал поништувачка одлука, но со мнозинство гласови се донело одлука актот само да се укине, со дејство само за во иднина, без поништувачко дејство на досегашните одлуки.

-Во законот се подвлечени јасно кои услови треба да ги исполнуваат обвинителите кога бараат нивно унапредување. На тој начин и со тие одредби Советот на ЈО засебе востпоставил право, членовите обвинители додека работат во Советот да ги третираат како обвинители, а тие не се обвинители, а нивното работење во Советот да се третира како обвинителска дејност, што е апсурд. Ваквите одредени се во директна спротовност со Законот за јавното обвинителство и се разбира со самиот Устав, како највисок правен акт, изјави Кадриу.

Судот, посочи Кадриу, имал едногласно мислење дека со овој акт и со вградување на овие две одредби – работата на членовите на Советот на ЈО да биде ценета како обвинителска дејност, а нивниот статус членови на Советот како обвинители, станува збор за „груба повреда на Уставот и на законот“.

-Таквите услови да се вградат и да се предвидува и привилегија за членовите на Советот на ЈО претставува и дискриминација кон другите колеги обвинители, кои работат и се ценат нивните резултати и работење и претставува услов за нивно унапредување, истакна Кадриу.

Уставниот суд на 19 февруари годинава донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, по поднесе иницијатива од јавната обвинителка Ленче Ристовска.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

А1он

Пензионери се собраа пред Уставен суд: Со процентуално зголемување, ќе немаме за леб

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски