Славниот бразилски фудбалер Роберто Карлос реши да ја заврши играчката кариера на 39 години, објави неговиот клуб Анжи. Сепак, тој ќе остане во фудбалот како помошен тренер на рускиот клуб.
Карлос кариерата ја почна во Сао Жоао, а играше и во Палмерирас, Интер, Реал, Фенербахче и во Коринтијанс. Најголемата слава ја стекна во „кралскиот клуб“, каде мина 11 години, и освои четири титули во Шпанија и три трофеи во Лигата на шампионите.
За бразилската репрезентација одигра 125 средби и постигна 11 голови. Со „кариоките“ има една титула светски првак (2002), две титули во Копа Америка (1997, 1999) и еден триумф во Купот на конфедерациите (1997).