Ветуваа брод од Охрид до Албанија, бродот сеуште го нема

Од:

Бродската линија од Охрид до албанскиот град Подградец, на другата страна од Охридското езеро, за сега останува само на ветувања од страна на властите во двете држави. Иницијативата за бродска линија е стара речиси две децении. За прв пат во 1993 година, фирмата ‘Рибокомерц’ поднела барање до тогашното Министерство за сообраќај и врски за превоз на патници со брод до Подградец.

Идејата била бродот да патува двапати неделно, а 20% од приходот да одат во државниот буџет.

„Единствено решение за прошетка до другата страна од границата е само со автомобил или автобус. Понудата ќе се зголеми за туристите кои доаѓаат. Затоа бараме да се спроведе“, велат туристичките работници во Охрид.

Според првичната замисла царинската контрола би се вршеа на Свети Наум, каде заеднички царински служби од двете страни би ги вршеле сите неопходни работи а, повратен билет би требало да биде околу 10 евра. Уште во 2009 година македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и тогашниот албански министер за сообраќај Сокол Ол Даши најавија дека линијата ќе профункционира во јули истата година. Но нема ниту трага од тие ветувања.

„Останува на Министерството за внатрешни работи и царината да отворат локален простор, треба да се преземат градежни работи и очекувам за два до три месеци и очекувам јуни-јули месец да се отвори линијата бидејќи поголем интерес има од наша страна, отколку од албанска страна, така да една подолгодишна желба на охриѓани може да се реализира“ изјави во април 2009 година Јанакиевски.

„Вториот проблем е комерцијалниот интерес на двете страни и во овој момент ниту јас, ниту мојот колега да кажеме колку пати би оперирала оваа линија, тоа би зависело од бројот на заинтересираните граѓани“, рече Олдаши во април 2009.

Од општина Подградец потсетуваат дека уште пред неколку години биле превземени сите потребни мерки за линијата. Досегашниот капетан во Охридската капетанија Љупчо Настески уште минатата година изјави дека доколку од албанска страна се спремни да се отвори оваа линија, од македонска страна нема пречка за отворање на линијата.

„Се работи за слободен превоз на патници, доколку има интерес, редовен превоз би се отворил со одреден ред на возење. Бенефитот од ова ќе го има само Албанија бидејќи таму ќе оди одливот на девизи“, рече тогаш Настевски.

Мики Трајковски Охрид

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on