Норвежанецот Ерлинг Халанд е еден од најдобрите центарфори во светот, како по фудбалски вештини, така и според заработувачката. Сепак, постои факт со кој тој во никој случај не се гордее.
Силниот напаѓач пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд летото 2022 година и брзо се наметна како главен напаѓач на „Граѓаните“. Вкупно постигна 120 гола на 140 официјални натпревари, од кои 84 пати ја погоди мрежата во Премиерлигата. Некој би рекол – топ статистика, но…
Во саботата против Кристал Палас, Халанд го одигра седмото финале во дресот на Манчестер Сити, а на сите тие натпревари забележа нула голови и нула асистенции! Неверојатно… Она што е уште поинтересно, на шесте средби кои ја решаваат титулата ги одигра сите 90 минути, а само против Арсенал беше на теренот до 64. минута. За тоа време ниту една топка испратена од негова страна не заврши зад противничкиот голман, а тој не успеа ниту да проигра соиграч за гол.
Сити се обиде да дојде до барем еден трофеј оваа сезона, оној во ФА Купот, бидејќи во саботата во финалето играше против Кристал Палас. Тоа беше уште еден разочарувачки резултат за друштвото на Пеп Гвардиола, ривалот победи со 1:0.
– Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгуби толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Кога ќе освоите четири титули по ред, а не освоите петта, тоа не е успешна сезона. Ние поставуваме такви стандарди. Не се снајдовме најдобро во лигата, но се уште се надеваме дека ќе се пласираме во Лигата на шампионите – изјави Норвежанецот.
Манчестер Сити имаше огромна можност да израмни против Кристал Палас, бидејќи беше досуден најстрогиот пенал. Омар Мармуш ја смести топката на белата точка, но противничкиот голман Дин Хендерсон одбрани. Тренерот на Сити Гвардиола очекуваше Халанд да го изведе пеналот:
– Мислев дека ќе пука. Сепак, тој не се појави, Мармуш беше подготвен, а одбраната на голманот беше одлична – изјави Гвардиола.
Ерлинг Халанд мина 90 минути на теренот во финалниот натпревар од ФА Купот, трипати шутираше кон голот, а имаше и една одлична шанса, но не ја искористи. Исто така, загуби осум дуели.