Најплатениот водител си оди од Би-Би-Си

Од:

Легендарниот англиски фудбалер и спортски коментатор – Гери Линекер по повеќе од две децении го напушта Би-Би-Си, потврди генералниот директор на британската радиодифузна корпорација Тим Дејви.

Претходно беше најавено дека 64-годишниот Линекер, које долги години најплатениот водител, ќе го напушти Би-Би-Си, а следниот викенд за последен пат ќе биде пред камерите во популарната емисија „Меч на денот“.

Линекер требаше да остане во Би-Би-Си како коментатор за натпреварите на Светското првенство во 2026 година, но тоа нема да се случи.

Минатата недела, Линекер се извини за негативната објава на социјалните мрежи за ционизмот во која беше прикажана илустрација на стаорец, кој се користи како погрден симбол за Евреите, како што направија нацистите во Германија за да ги опишат членовите на таа нација.

„Споделив содржина на Инстаграм за која подоцна открив дека содржи навредливи наводи. Длабоко жалам за тие тврдења. Никогаш свесно не би споделил нешто поврзано со антисемитизмот. Тоа е спротивно на сè во што верувам“, напиша Линекер во изјавата.

Поранешниот англиски репрезентативец објави приказна на Инстаграм, која претходно ја зеде од групата Палестинско лоби.

На него има стаорец со порака „Ционизмот објаснет за две минути“.

Ционизмот е политичко движење чија цел беше создавање на еврејска држава на Блискиот Исток, чии граници ќе одговараат на границите на старата земја Израел.

Тоа движење ја поддржува модерната држава Израел.

Најавата на Линекер потоа беше критикувана од генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, кој рече дека сите треба да се грижат за угледот на британскиот јавен сервис.

„Кога некој ќе направи грешка, тоа не чини“, додаде тој.

„Апсолутно ни требаат луѓе кои ќе ги применат вредностите на БиБиСи и ќе ја следат политиката на социјалните медиуми. Едноставно е“, рече Дејви на прашањето дали Линекер ги прекршил правилата.

Откако се извини, Линекер ја избриша контроверзната објава од Инстаграм.

По објавата на Линекер за ционизмот, невладината организација Кампања против антисемитизмот побара Линекер да биде отпуштен од Би-Би-Сbbc

Би можело да ве интересира

Димитров: За нас ЕУ е она што би сакале да бидеме и како би сакале да функционираме

Наум Локоски

Би Би Си: Чарлиеви ангели кои се борат со вистински криминал

А1он