Филков: Судскиот совет е должен да ја повтори постапката за избор на нов уставен судија

Од:

Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт, вели министерот за правда Игор Филков, во врска со изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска.

На денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, каде беа промовирани електронските алки за издржување казна куќен затвор, Филков нагласи дека согласно одлуката на Управен, Судскиот совет е должен да ја повтори постапката, земајќи ги во предвид препораките на судот и да достави нов предлог до Собранието.

– Надлежност на извршување на пресудата на Управниот суд има само Собранието, односно во конкретниот случај Судскиот совет така што должност на Судскиот совет е согласно одлуката на Управниот суд да ја повтори постапката и да ги земе предвид препораките и да достави нов предлог до Собранието, рече Филков.

Прашан што ќе се случува со одлуките кои судијката ги има донесено во изминатите две години откако ја извршува функцијата, Филков рече дека ќе треба да се почека, да се види.

Управниот суд ја донесе ваквата одлука по две години од изборот на Дуковска, која најпрво беше избрана во Судскиот совет со поддршка од 11 гласа и двајца „против“, а потоа и официјално изгласана во законодавниот дом во април 2023 година.

Покрај Дуковска, предложени беа уште две кандидатки кои ги исполнуваа условите. Тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека со изборот на Дуковска, Судскиот совет го прекршува Уставот бидејќи не ги ставил на гласање другите двајца кандидати, додека, тогашниот член на Судскиот совет Зоран Герасимовски пред пратениците рече дека Судскиот совет не пристапил кон гласање за другите двајца кандидати, бидејќи „законот не предвидува дека за кандидат ќе биде утврден предлогот кој добил најмногу гласови, туку според редоследното гласање се утврдува оној кој го добил потребното мнзоинство, а тоа е најмалку осум гласа од членовите на Советот со право на глас“.

Како што информираа од Управен, поништувањето на нејзината изборна постапка ја враќа на нејзиното претходно работно место во Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Управниот суд ја поништи одлуката за изборот на уставниот судија Елизабета Дуковска

Горан Наумовски

Филков: Електронските алки не се само технолошки уреди, тие се алатка за реформа

Горан Наумовски

ДУИ за одлуката на Уставниот суд: Албанските претставници во оваа влада, наместо да протестираат, тие молчат

Горан Наумовски

Уставен суд ја укина Одлуката со која е одобрено основање на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Ако сакаме промени, Уставниот суд мора да се одважи и посегне по својата надлежност

Горан Наумовски

Рокас: Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото