Мицкоски: Присуството на Самитот во Тирана е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси

Од:

Нашето присуство и учество на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси и градење стабилно и просперитетно соседство, порача премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Денеска присуствував на Самитот на Европската политичка заедница, заедно со лидерите и претставниците на земјите од Западен Балкан. Самитот е посветен на унапредување на регионалната соработка, стабилноста и приближувањето кон ЕУ, при што се потенцираше важноста од заедничко дејствување пред предизвиците со кои се соочува нашиот континент. Во отворената дискусија се разменија ставови за клучни теми за зајакнување на поврзаноста на регионот со остатокот од Европа, напиша Мицкоски на својата Фејбук страница.

Во Тирана денеска се одржува шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“ на кој учествува и премиерот Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, се безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки