Македонските ракометари добија тешка група на ЕП 2026 – ќе играат со ривалите од Данска, Португалија и Романија.
Сите мечеви од групата Б ќе се играат во данскиот град Хернинг, а најдобрите две селекции одат во следната фаза, која исто така се игра во тој град.
Своите натпревари македонските ракометари ќе ги имаат на 16, 18 и 20 јануари идната година во спортската сала „Јуске Банк Боксен“.
Отвораме против светскиот првак Данска, два дена подоцна следи меч со Романија, а крајот на групната фаза е дуелот со Португалија.
Апсолутен фаворит во оваа група е Данска, екстра силна е и Португалија која е во подем.
Единствено со Романците можеме да се носиме рамноправно.
Европското првенство кое ќе се игра во три држави – Норвешка, Данска и Шведска ќе започне на 15 јануари и ќе трае се до 1 февруари.