Иванишевиќ: Новак е скаран со времето, секогаш доцни

Од:

Најдобриот светски тенисер – Новак Ѓоковиќ и Шкотланѓанецот Енди Мареј ја прекинаа соработката.

Не работеше долго со Британецот, но затоа пред него работеше речиси 5 години со Горан Иванишевиќ, кој секако одлично го запозна Новак.

– Новак е посебен, поинаков, најдобар. Неговата глад за напредок е неверојатна. Од него може многу да се научи – изјави Иванишевиќ, пренесува загрепскиот портал „Гол“.

Потоа тој откри една голема маана на Новак Ѓоковиќ.

– Малку е скаран со времето. Тој никогаш не доаѓа на време. И сите го знаат тоа, сите веќе се навикнати на тоа – рече Иванишевиќ.

Нивната соработка заврши со заеднички договор на крајот на март 2024 година, а Ѓоковиќ истакна дека нивното пријателство останало силно и покрај крајот на нивната професионална соработка.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он