Зеленски: Ќе го чекам Путин во четврток во Турција, лично

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше за мировните преговори со Русија и му порача на лидерот на таа земја Владимир Путин дека ќе го чека во четврток во Турција бидејќи, како што додаде, „повеќе нема смисла да се пролонгираат убиствата“.

„Очекуваме целосно и трајно примирје, почнувајќи од утре, за да ја обезбедиме потребната основа за дипломатија. Нема смисла да се пролонгираат убиствата. А Путин ќе го чекам во четврток во Турција. Лично. Се надевам дека Русите овојпат нема да бараат изговори“, напиша Володимир Зеленски на мрежата „X“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го повика Зеленски да го прифати предлогот на Путин.

„Рускиот претседател Путин не сака да склучи договор за прекин на огнот со Украина, но сака да се сретне во Турција во четврток за да преговараме за можен крај на крвопролевањето. Украина треба да се согласи со ова СЕГА. Втора светска војна – војна која немаше да се добие (ниту блиску!) без Соединетите Американски Држави ОДРЖЕТЕ ГО СОСТАНОКОТ СЕГА!!! – напиша Трамп.

Путин предложи одржување директни разговори со Украина, со цел да се постигне траен мир и да се стави крај на војната.

Иницијативата беше поздравена од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за разговори, но дека Москва мора прво да се согласи на итен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

А1он

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

А1он

Трамп: Хамас има рок од три-четири дена да одговори за мир во Газа

А1он

Путин: Москва е горда што прифати четири поранешни украински региони во Русија

А1он

Сиљановска-Давкова за злонамерните написи: Фотографијата со претседателот Трамп и неговата сопруга е автентична

Мекгрегор: Зеленски продава оружје на нарко-картели во Латинска Америка