Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Од:

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик изјави за РИА Новости дека пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против него треба да биде поништена.

„Тоа не е правосилна пресуда. Ако има право и правда, треба да се поништи. Меѓутоа, таму каде што западњаците го водат судот, нема доверба“, рече Додик.

Тој додаде дека не е сам, дека и Марин Ле Пен се нашла во слична ситуација од политички причини, а слични случаи се водат и во Романија и Германија.

„Вака се заштитуваат земјите од ЕУ – на прво место со злоупотреба на правосудниот систем – наместо да развиваат сопствени вредности и идни проекти“, рече Додик.

На 26 февруари, Судот на Босна и Херцеговина го осуди претседателот на Република Српска Милорад Додик во прв степен за „неспроведување на одлуките на Кристијан Шмит“ и го осуди на една година затвор и забрана за вршење на функцијата претседател на шест години од датумот на пресудата.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

А1он

Додик: Ќе се одржи референдум

Додик: Важно е Република Српска да има пристап до центрите за донесување одлуки, а тоа се Америка и Русија

Додик: Ќе продолжам да дејствувам во согласност со мандатот што ми го довери народот

Додик: ЕУ повеќе нема потенцијал да се занимава со оваа област

Додик: Го замолив Путин да не ја остава Република Српска на милост и немилост на ЕУ

А1он