Ерлинг Халанд е снимен како пристигнува на тимски тренинг со нов автомобил. Ферарито што го купи е негов трет автомобил откако го продолжи договорот со Манчестер Сити во јануари и осми автомобил во неговата луксузна колекција, пишува Дејли Мејл.
„Ѕвездата на Манчестер Сити беше снимен како влегува и излегува од тренинг комплексот на клубот во жолт кабриолет Ferrari 812 Superfast, кој може да достигне брзина од 340 km/h, што е речиси еднакво на максималната брзина на Формула 1.
Се наведува и дека вредноста на автомобилот е околу 380.000 евра. Брилијантниот норвешки напаѓач има колекција на луксузни автомобили и ова му е осма во неа. Вклучува и Bugatti Tourbillon купен пред два месеци, еден од само 250 во светот.
За да го купи Tourbillon, тој се здружи со милијардерот и колекционер на скапи автомобили Оле Ертваг. Тој наводно плати 4,7 милиони евра.
Тоа е првиот модел на Bugatti кој е целосно дизајниран и развиен во рамките на компанијата под раководство на Mate Rimac.
Компанијата веќе соопшти дека целата серија е распродадена.
Халанд кон средината на јануари потпиша продолжување на договорот со Манчестер Сити на девет и пол години.
Англиските медиуми не ги наведоа точните бројки по потпишувањето на договорот, но се пишуваше дека тој станува најплатениот фудбалер во Премиерлигата со неделна плата од 500.000 фунти (околу 600.000 евра).
Халанд во својата колекција автомобили има Mercedes AMG, Ferrari Monza SP2, Rolls-Royce Cullinan, Range Rover Sport, Audi RS6 Avant Quattro, Porsche 911 GT3.