Димитриевски: Македонија не смее да биде монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Од:

Државата не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари, порача претседателот на Движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски од Охрид, до раководството на СДСМ.

Тој денеска присуствува во Охрид, во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“.

– Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампаа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници, рече Димитриевски.

Време е, како што посочи, да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката.

-Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори, додаде Димитриевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија

Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори