Винисиус ќе остане во Реал до 2030 година, ќе заработува 20 милиони евра годишно

Од:

Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор.

Според шпанските медиуми, раководството на клубот му понудило на Бразилецот нов договор, а тој се согласил да остане во најтрофејниот европски клуб. Двете страни ќе ги формализираат деталите од соработката по завршувањето на тековната сезона, а Винисиус ќе инкасира 100 милиони евра во текот на пет години, или 20 по сезона.

Ова практично значи дека со новиот договор, бразилскиот интернационалец ќе заработува пет милиони евра повеќе отколку што заработуваше според неговиот сегашен договор, кој истекува во 2027 година.

Медиумските извештаи покажуваат дека Винисиус ќе има клаузули во неговиот нов договор кои ќе му донесат значителни бонуси за освоени трофеи и постигнати голови.

Винисиус (24) е член на Реал Мадрид од 2018 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 314 натпревари и постигна 105 гола.

Би можело да ве интересира

Мурињо најдобар тренер во Ла Лига во октомври

А1он

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он