Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Од:

„Иако Владата се фали со „успешни мерки“ за стабилизирање на цените, реалноста на терен е сосема поинаква: народот преживува, а профитерите се богатат. Основните производи секојдневно поскапуваат, сè повеќе луѓе купуваат „на парче“, додека функционерите продолжуваат да јадат на државна сметка“ соопштија од Левица.

Од партијата велат „По укинувањето на мерките за замрзнување на цените и ограничување на маржите на над 1.000 производи, граѓаните го почувствуваа токму она од што со месеци стравуваа – нов, брутален удар по џебот. Наместо стабилизација, следуваше ценовен шок што секое домаќинство го чувствува секојдневно. А Владата, по стара навика, само најавува инспекции и анализи, додека храната станува луксуз за сè поголем дел од населението“.

„Вистинските проблеми се добро познати: коруптивни договори, монополски пазар, зависност од увоз и неконтролирани маржи. Наместо да ги решава овие системски болести, Владата ги обвинува трговците, дистрибутерите, па дури и самите граѓани за наводни „инфлаторни очекувања“. Но одговорноста е кај тие што треба да изградат фер систем, а не да управуваат со економијата преку кампањи, панични мерки и пи-ар спектакли. Економистите и универзитетските професори веќе предупредуваат: административните мерки се само краткорочен фластер на длабока рана. Нема долгорочна стратегија, нема стабилност, нема доверба. Додека Македонија е зависна од увоз, додека институциите молчат пред картелски пазари, а пазарната регулација служи за замајување – граѓаните ќе плаќаат сè повеќе за сè помалку“ тврдат од Левица.

Порачуваат „Цените растат. Платите тапкаат во место. Младите заминуваат. А тие што остануваат – преживуваат, бирајќи помеѓу храна или сметки“.

„Левица апелира до владата составена од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ – конечно и без калкулации да ја погледне суровата реалност во која живеат граѓаните. Недозволиво е оваа власт да продолжува со заслепеност, ароганција и елитистичка рамнодушност, додека народот се дави во сиромаштија. Наместо вистински мерки за подобрување на животниот стандард, тие нудат апсурдно „рекреирање“, намалување на потрошувачката кошничка за потоа бесрамно да им кажат на граѓаните дека „им е добро“. Народот не бара статистички трикови – туку достоинствен живот и реални мерки за обезбедување на нормален животен стандард“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица