Девојче од Скопје дало 25 илјади евра на двајца соученици кои му се заканувале на нејзиниот помал брат

Од:

52-годишник од Скопје во полиција пријавил дека неговата малолетна ќера им дала вкупно 25 илјади евра на двајца соученици кои се заканувале дека физичко ќе го напднат нејзиниот помал брат кој има здравствени проблеми.

– Денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок