Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да создаде нуклеарно оружје

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел нема да дозволи Иран да изгради нуклеарно оружје.

Во специјалното обраќање од својот кабинет во Ерусалим, зборувајќи на англиски и на хебрејски јазик, премиерот Нетанјаху прелиминарниот договор од Женева меѓу шесте големи сили и Иран, го нарече „голема историска грешка“.

Израелскиот премиер рече дека е длабоко разочаран од постапката на свооте сојузници, порачувајќи дека постигнатата спогодба не го обрзува Израел.

Тој најави дека израелската влада ќе преземе се што е потребно за да ја заштити и одбрани, како што рече, „единствената држава на Евреите во светот“, доколку утврди дека власта во Техеран работи врз производство на нуклеарно оружје.

Според премиерот Нетанјаху, „Иран е најопасната држава во светот“ која сега може да го поседува и најопасното оружје што светот го има на располагање, па затоа Израел и Израелците имаат право да се бранат и да се одбранат од заканата на која се изложени.

Израелскиот премиер од почетокот на преговарачкиот процес е најостриот противник за прифаќање договор со „режимот во Техеран“.

Нетанјаху бараше од земјите учеснички во преговорачкиот процес, да не ги олеснуваат острите санкции против Иран се додека земјата не се откаже од својата нуклеарна програма. Острата реторика на Нетанјаху во Ерусалим се означува како најава дека Израел може самиот да изврши воен напад врз иранските нуклеарни постројки, ако оцени дека тоа е потребно. Израел и конзервативните кругови во Иран се досега единствените кои се противат на договорот од Женева, но се верува дека остар противник е и Саудиска Арабија, иако од Ријад се уште нема официјален став.

Американскиот државен секретар Џон Кери кој од Иранците побара да му докажат (со своите постапки и однесување) на светот дека нивната нуклеарна програма е навистина мирољубива, но порача дека овој прв чекор со договорот од Женева им носи на американските сојузници на Средниот Исток, вклуќувајќи го и Израел, поголема безбедност од досега.

Би можело да ве интересира

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни експлозии во предградијата на Бејрут, десетици мртви и околу 150 ранети

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран објави видео: Вака удривме на Израел