Со помош на Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка Србија ќе обнови и изгради над 2.300 километри патишта во земјата на 83 делници.
Проектот е вреден 500 милиони долари, а со него се предвидува да унапреди безбедноста на сите автопати во Србија и да се воведат европските стандарди на патната мрежа во земјата.
Тоа се предвидува да влијае и на рамномерниот регионален развој.