Во две одделени акции на италијанската полиција, синоќа, се запленети 324 килограми марихуана внесена од Албанија.
Првата акција била реализирана во Бриндизи, кога во камион со албански регистарски таблички биле откриени 310 килограми марихуана. Притоа е уапсен возачот на камионот Л.Ј. (56). Според документацијата камионот требало стоката што ја превезувал да ја расповари во Венеција.
Полицијата, исто така, синоќа, во пристанишниот град Бари заплени уште околу 14 килограми марихуана, што била откриена во автомобил пристигнат со траект што сообраќа на линијата Драч-Бари.
И во оваа акција уапсен е еден албански државјанин.
И покрај зајакнатите контроли од властите на трите земји, Албанија, Италија и Грција, обидите да се прошверцува марихуана од Албанија и натаму не запираат.