Данева: Во Македонија има огромен пад на слободата и демократијата

Од:

Неможеме да најдеме област во која Македонија стои подобро и има напредок. Во сите области имаме назадување и влошување на состојбите“ – ова не е изјава на СДСМ, туку цитат од последниот извештај на „Фридом Хаус“, рече на прес конференција, Ана Павловска Данева.

„Меѓународното новинарско здружение “Репортери без граници” констатира дека за само 1 година затворени се 2 критички телевизии и 3 весника. Декриминализацијата на клеветата, реформа која Груевски ја претставува како успех, е оценета како “илузорна реформа” од страна на најголемото светско здружение на новинарите“, вели Данева.

Македонија, вели, падна за 20 места според официјалното рангирање на уште една светска организација за човекови права – Фридом Хаус и сега е во друштво со африканските земји според односот кон слободата и човековите права. Во својот извештај за 2012, Фридом Хаус вели: „Не можеме да најдеме област во која Македонија стои подобро и има напредок. Во сите области имаме назадување и влошување на состојбите. Очигледен е фактот дека Македонија се движи во погрешна насока.”

„Амнести Интернешенел“, потсетува, заклучува дека се зголемени меѓуетничките тензии во земјата по амнестирањето на лица од власта од евентуални гонења за воени злосторства, а американскиот Стејт Департмент во својот годишен извештај констатира селективна примена на правото и законите.

Американскиот Стејт Департмент во својот годишен извештај го бележи случајот со апсењето и гонењето на Љубе Бошковски. Отворено се сомнева во регуларноста на процесот, а случајот е посочен како политички мотивиран.Дополнително Стејт Департментот констатира дека судството е маша на власта во заплашувањето и притисоците врз опозицијата. Ги нотираат случаите Мартин Нешковски и “Космос” како еклатантни примери на злоупотреби на државните органи од страна на Владата.

„Сите вие извештаи се објавени токму во последнава година по изборот на Груевски за премиер. Тој не спомна ниту еден од овие извештаи, а причината е едноставна. Не постои извештај од релевантен меѓународен институт, каде Македонија не бележи огромен пад во слободата, демократијата и човековите права, а посебен акцент во сите извештаи е ставено на злоупотребата на државните органи и судството од страна на Владата, во пресметка со политичките неистомисленици и критичките медиуми.“, вели Данева.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени

(ВИДЕО) Починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето