На брегот во Сиднеј, австралиските власти пронашле мртов кит долг 12 метри, и тежок околу 30 тони. Никој не смее да го допре затоа што се уште не е позната причината поради која починал.
Суштеството се зарило во безбедноста ограда во Њупорт Бич, јавува Ројтерс.
„Оваа ситуација е многу, многу опасна за се што е во водата, бидејќи не знаеме од што животното умрело, не знаеме каква течност, или болест се шири од него. Тоа е причината зошто ние не дозволуваме да се влезе во вода ниту пак на било кој начин да се помрдне китот“, изјави Шона Лориган од Организацијата за спасување и истражување на морските цицачи во Австралија.
Властите се надеваат дека следната плима ќе го повлече телот на животното, во спротивно ќе мораат да го отстранат со користење на специјална опрема.