ЛДП: Правилникот за парното е неуставен

Од:

Либерално демократската партија, пред Уставен Суд, ќе го обжали новиот Правилинк за топлинска енергија.

„На само ден пред големиот македонски празник Илинден, Владата преку целосно партизираната Регулаторна комисија, им испораќа на граѓаните честитка со нов правилник за топлинска енергија“, велат од ЛДП.

Според овој правилник се предвидува граѓаните да плаќаат за услуги кои воопшто нема дасе вршат од страна на Толификација, односо, и корисниците кои се исклучиле ќе плаќаат дел од предвидената цена за парно греење, се шпекулира со сума од 10 по метар квадтатен, што значи и оние со најмали станови ќе треба да издвојат, од својот скромен буџет, 300- 500 денари месечно, објаснуваат либерал-демократите.

ЛДП ја потсетува Регулаторната комисија и јавноста дека Уставниот Суд пред четири години донесе Одлука со која се укинаа одредбите за обврската да се плаќа 50% од цената за испорачана топлинска енергијаза оние корисници кои се исклучени од ситемот, со образложение дека е незаконски и неуставно да се плаќа за услуги кои не се испорачуваат и не се извршуваат.
„Наместо да ги штити интересите на граѓаните Рерулаторната комисија продолжува со безмилосно наметнување на нови давачки со кои до крај ќе се урниса животниот стандард на осиромашениот народ“, велат од ЛДП.

ЛДП смета дека правилникот е незаконски и неуставен и истиот ќе го обжали пред Уставнит Суд на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство