СКАНДАЛОЗНО: Со колички, со штаки, на раце, и плус пари за да докажат инвалидитет

Од:

Инвалидите револтирани-власта и покрај нивната судбина и мака,ги тера да го докажуваат својот инвалидитет. Тие денеска мораа да дојдат до Заводот за рахабилитација да ги проверат дали се инвалиди, а велат никој не ги ни прегледал-само им ги зеле парите.

На власта и на скопскиот градоначалник им порачаа, само еден ден да го минат во количка по скопските улици, за да ги сфатат нивните маки и секојдневие.

И судбината ги казнила, а сега и државата грубо си поигрува. Сите инвалиди, параплегичари, луѓе без вид, согласно Законот, ќе треба да се прегледаат и да достават потврда за својата инвалидност.

Инвалиднината е нешто повеќе од 4.200, а за документот треба да платат по 2.500 денари.

„Инвалиднината доцни два месеци, а лани за избори, два пати во еден месец добивме, вели Мерима Јонузовска, која е параплегичар, 100% инвалид, последица од сообраќајна несреќа.

По 36 години, документот не и важи и прашува, зарем може параплегичар да прооди, вели, тогаш Македонија би била земја на чудата.

Сите се изреволтирани но не сакаат да говорат, се плашат.

Мерима духот не ја напушта и се бори.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска