Двајца српски војници загинаа на Копаоник

Од:

Двајца припадници на војската на Србија загинаа денеска на Копаоник во експлозија на заостаната касетна бомба, јави Б92.

Воените сили за Б92 потврдија дека се случил инцидент со смртни последици, како и дека се работи на утврдување на деталите на оваа трагедија.

Ова е втора трагедија во редовите на воените сили во изминатите два месеци. Двајца кадети загинаа кон средината на јуни на Пасуљанските ливади, а седуммина беа полесно и потешко повредени.

Војската на Србија најави дека подоцна ќе излезе со официјално соопштение за инцидентот на Копаоник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието