Левица: Максим со поддршка од ДУИ му намести бонбона ДУП на својот кум

Од:

Главниот архитект на урбаната мафија во Куманово, Максим Димитриевски, го остави својот најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата, велат од Левица.

– Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично во сопственост на татко му и братучед му на градоначалникот Димитриевски), преку низа трансакции преминува кај неговиот кум, а на крај завршува во рацете на „Лидл“, по неверојатна цена од 600.000 евра. Цената во големи размери ја надминува реалната пазарна вредност за земјиште од трета категорија, што отвора сериозни сомнежи за класична коруптивна зделка.

Процедурата во Советот на Општината беше исто толку контроверзна. Пред две недели, ДУП-от првично беше ставен на дневен ред, а клучниот, одлучувачки глас дојде од советникот на ЗНАМ, Дарко Митевски – брат на кумот на Димитриевски. По јавната реакција и притисокот од кумановската јавност, Димитриевски привремено ја повлекува точката, наводно за да си ги „испере рацете“. Но, на наредната седница, ДУП-от повторно е ставен на гласање, овој пат без присуство на Митевски, и поминува со поддршка од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и, клучно, со пресудните 4 гласа од ДУИ.

Ова сценарио јасно ја покажува веќе проверената шема: кога треба да се изгласа криминал, ЗНАМ, ДПМНЕ, Вреди и ДУИ делуваат како една иста власт. Иако декларативно од различни табори – тие веќе четврта година заеднички ја држат под контрола Општина Куманово и ги спроведуваат своите договорени зделки на штета на јавниот интерес.

Левица најостро се спротивставува на овој скандалозен ДУП и алармира до Обвинителството итно да отвори постапка за испитување на целата зделка – од трансакциите со земјиштето, до можни сомнителни приливи на сметките на советниците на ДУИ и останатите замешани страни, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот