ВИДЕО: Расистички навреди, Партизан ја објаснува бруталната тепачка на неговите кошаркари

Од:

Партизан потврди дека тројца негови играчи биле вклучени во инцидент кој се случил во ноќта недела кон понеделник во близина на познат белградски ноќен клуб.

Според изјавите на кошаркарите, инцидентот бил предизвикан од група млади луѓе кои им упатувале расистички навреди.

„Играчите биле навредувани врз расна основа, а девојките кои биле во нивно друштво биле понижувани само затоа што биле со припадници на темнокожа популација,“ се вели во соопштението на клубот.

Меѓу играчите кои, наводно, биле присутни се Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Исак Бонга. Според медиумските извештаи, Џонс реагирал откако бил нападнат, при што удрил едно лице со стаклено шише во глава.

„Кога сите мислеле дека вербалната расправија е завршена, истата група ги пресретнала играчите пред клубот и физички ги нападна. Играчите биле принудени да реагираат во самоодбрана“, додаваат од Партизан.

Клубот нагласува дека играчите се подготвени да соработуваат со надлежните органи.

„Како одговорни граѓани, тие ќе дадат изјави кога ќе бидат повикани од институциите“, потврдуваат црно-белите.

Партизан исто така потврди дека внатрешната истрага е во тек и дека случајот ќе биде третиран во согласност со клупскиот статут.

„Ги осудуваме сите форми на насилство и расна дискриминација. Ќе преземеме соодветни чекори доколку се утврди прекршување на етичките или правните норми,“ се наведува на крајот од соопштението.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Дубаи во АБА лигата

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Обезглавена, но не и растурена – навивачката група на Беливук и натаму е активна

Катерина Ѓуровски

Вработен во ФК Партизан се обидел да се самоубие на стадионот

Емир Латифовиќ