ВИДЕО: Хаос и во Русија и во Украина пред примирјето што го најави Путин

Од:

Последните напади меѓу Русија и Украина доаѓаат само два дена пред да стапи на сила примирјето еднострано објавено од Путинна крајот од минатиот месец.

Предвидено е прекинот на огнот да трае меѓу 8 и 11 мај, што се совпаѓа со прославите на Денот на победата на Русија. За разлика од Велика Британија, Франција и САД, кои го слават Денот на победата во Европа на 8-ми мај, Русија го одбележува предавањето на нацистичка Германија следниот ден, бидејќи Германија официјално го потпиша документот кога веќе беше 9-ти мај во Русија.

Минатиот месец и Украина и Русија се обвинија меѓусебно дека го прекршиле 30-часовниот велигденски прекин на огнот објавен од Путин.

За време на големиот руски напад на Харков, избувна пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се повеќе станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во областа Харков.

Гувернерот на Харковската област Олех Синехубов изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот биле целосно уништени.

Најмалку три лица се убиени во украинските напади врз областа Курск, објави гувернерот на регионот Александар Хинштајн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија танкер во Ростов, има мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Путин најави пожестока војна: 2025 беше пресвртница

Америка подготвува казна за Путин ако го отфрли мировниот план, објави Блумберг

Јужноафриканците завршија на фронтот во Донбас: „Не разбравме што пишуваше во договорот“

ВИДЕО: Украина повторно нападна рафинерија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Лавров: САД ѝ ветија на Русија дека ќе и припадне украинска територија