Таравари ќе му објаснел на Мицкоски работи што не ги знаел, премиерот вели никого не моли

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците потврди дека денеска попладне ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медумите дадена во Тетово, Таравари рече дека остануваат на одлуката донесена на Претседателството на партијата да одат со посебни советнички листи на претстојните локални избори, но дека ќе го слушне и ставот на премиерот по што ќе проценат како партија како ќе продолжат понатаму.

– Тоа што ние сме го поминале на Претседателство дека Алијанса за Албанците ќе има посебни советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Така што ќе го слушнеме и премиерот и потоа ќе процениме како продолжуваме понатаму, изјави Таравари.

Премиерот Христијан Мицкоски вели сака да слушне од Таравари која опција ја одбира, онаа на актуелната влада или онаа на ДУИ.

– Ќе поразговараме околу актуелните политички случувања, секојдневно комуницираме за неговите активности како министер. Сакам да слушнам како размислува за последните случувања кои и се познати на јавноста. Има две опции, онаа на оваа влада за реформи и прмени за граѓаните и
втората опција е онаа која две децени и ја криминализираше државата. Би сакал да слушанам од Таравари која е опција за него. Лично, како чоивек имам позитивнао мислење, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш, нема флуидни варијатни. Во неговот случај најмалку трипати сум го одржал зборот и тоа во ситуации кога имало дилеми во партијата. задкулисните игри се провидни им им се удираат од глава на оние што ги прават. Никого не молам, и без Таравари владата е стабилна, рече Мицкоски.

17 часот

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Поради вештачки спорови, две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: во Брисел ги повторивме нашите позиции за Македонија

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

Мицкоски: Кога останувате дома, дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина

А1он

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски