Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување, реакција на Таравари

Од:

Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.

Во објавата, Таравари порача дека неговата партија ја сфаќа судбината на луѓето многу посериозно отколку што тоа го прават други политички субјекти. Според него, Алијансата за Албанците не презема никакви политички чекори за да удоволи на некого или како резултат на личен гнев.

„Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување за имиња и презимиња. Ние сме Алијанса за Албанците, работиме само во интерес на народот“, напиша Таравари.

Би можело да ве интересира

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски