Фудбалерите на Лацио денес го победија Емполи на гостински терен со 1-0 во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А.
Единствениот гол за Лацио го постигна Булаје Ди во 1-вата минута.
И двата клуба го завршија натпреварот со играч помалку. Прво, Емполи остана со играч помалку во 38-та минута, откако Лоренцо Коломбо беше исклучен, додека играчот на Лацио, Елсеид Хисај, доби црвен картон во 76-та минута.