122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

Од:

По повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонската националноослободителна борба, Гоце Делчев, делегација на Левица – предводена од пратеникот Борислав Крмов, заедно со членовите на Централниот комитет, Горан Костовски и Катерина Јовановска – положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште оддавајќи му почит за неговото историско дело и револуционерна оставнина.

„Денес, кога темелите на македонската национална свест се системски разнебитувани од страна на квислиншките структури на власта, под директива на странски центри и амбасади, императив е да се потсетиме на заветот на Делчев и да се вградиме во неговиот идеал – за слободна, праведна и народна Македонија, која нема да биде слугинка на туѓи интереси.

Делчев е споменик на непокорот, визионер кој ја согледа нужноста од организирана, народна борба за слобода. Затоа, денес, кога гледаме како се понижува македонската историја, се препродаваат националните интереси, а народот тоне во сиромаштија и безизлез – должност ни е да се бориме. Да се спротивставиме на политиките на колонизација, на бришење на идентитетот, на продажбата на секој педа земја и достоинство.

Левица се позиционира како автентичен продолжувач на револуционерната мисла на Делчев – непомирлива кон неправдата, неподмитлива пред центри на моќ и безрезервно посветена на народот. Во време на политичка капитулација, кога се гази врз достоинството на државата и се разнебитува националниот идентитет, Левица останува бастион на отпорот, глас на обесправените и браник на македонскиот суверенитет“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга