Рибарот од Пробиштип кој беше пријавен за исчезнат е пронајден починат

Од:

СВР Штип известуваат дека вчера Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил Кире Павлов од Пробиштип како исчезнато лице.

Во пријавата е наведено дека Павлов и Стојанов заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на село Жиганци, од каде и Павлов во одреден период исчезнал и му се изгубила секоја трага.

Околу 21.30 часот од СВР Штип известуваат дека лицето Кире Павлов од Пробиштип кое било пријавено за исчезнато е пронајдено починато.

Според првичните информации лицето е починато од природна смрт.

Би можело да ве интересира

66-годишен маж почина на скопските клиники

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

44-годишен Србин почина на плажа во близина на Пиерија

Горан Наумовски

Македонски државјанин пронајден мртов во стан во Саранда

Мртов маж е пронајден во близина на Неготино

Мртов маж од Скопје е пронајден во паркот спроти поранешна „Нова Македонија”