Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Од:

Вработените во јавниот транспортен сектор во Атина најавија прекин на работата и 24-часовни штрајкови за денес, објави „Прототема“.

Најавени се штрајкови во сите видови транспорт, вклучувајќи автобуси, метро, ​​трамваи и бродови.

Два синдикати објавија дека автобусите и тролејбусите ќе сообраќаат само од 9 до 21 часот поради штрајкот, но дека приградските линии ќе сообраќаат во текот на денот.

Работниците на две линии на метрото одлучија да штрајкуваат за подобри услови за работа. Сепак, линиите на метрото што водат до и од аеродромот ќе работат нормално.

Поради 24-часовен штрајк, Атина ќе остане без трамвајски сообраќај. Здружението на возачи на трамвај од Атика побара разбирање од јавноста, истакнувајќи дека штрајкот се спроведува за подобрување на условите за работа на сите работници во јавниот превоз.

Поморскиот сообраќај, исто така денеска, нема да работи низ цела Грција.

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски