Влен: Одлуката на Уставниот суд за Медресата – пораз за Али Ахмети и ИВЗ

Од:

Oдлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на Медресата „Иса Беу“ претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ. Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси, велат од Влен.

„Денес вистината излезе на виделина – Медресата никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира.

Истата шема на измама се повтори и со:
– Фабриката за електрични автомобили – која никогаш не беше изградена.
– Коридорите 8 и 10Д – кои останаа само на хартија.
– Патот Скопје–Блаце – ветуван десетици пати, но никогаш реализиран.
– One Stop Shop со Косово – што остана во фиоките на нивната пропаганда.

ДУИ секогаш функционирала со пропаганда, слики, лажни ветувања и манипулации. Денешната одлука конечно потврдува дека ДУИ нема решено ниту едно албанско прашање преку закон и устав, туку само лажела и манипулирала за гласови. 22 години на власт ги искористија за да ги средат трговските центри и имотите на своите семејства и внуци, додека на Медресата „Иса Беу“ не му обезбедија ниту статус! Медресата „Иса Беу“ повеќе нема да се користи за валкани политички игри и лажни кампањи. Ние работиме на решение, преку кое ова прашање конечно ќе биде затворено – далеку од манипулациите на минатото и блиску до правдата што ја заслужуваат Албанците“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ