Уставен суд ја укина Одлуката со која е одобрено основање на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Од:

Уставен суд денеска ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – скопското село Кондово, која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.

Судот оцени дека Одлука на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште – гимназија.

-Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта. Исто така содржината на Одлуката не е во согласност со Амандманот VII од Уставот според кој верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Според судијата-известител Ана Павловска-Данева, Уставниот суд со својата одлука донесена со мнозинство гласови и овој пат, како и во повеќе наврати претходно со своите одлуки донесени во различни судиски состави, застана на браникот на секуларноста на државата.

-Уставниот суд ја укина Одлуката на Владата на РСМ донесена на 26 март 2024 година со која е одибрено основање на Приватно средно училиште „Медреса Иса Беј” со образложение дека согласно амандманот VII точка 2 од Уставот е утврдено дека МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква,, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основање верски училишта и социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. Ниту Уставот, ниту пак било кој закон во државата не допушта и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на верска заедница или религиозна група. Оттука, Уставниот суд одлучи дека Владата во март 2024 година донела противзаконска и неуставна одлука и истата ја укина, посочува во писмена изјава Павловска-Данева.

Судот ги прифати како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат